После страшната исповед на англискиот фудбалер Деле Али уште еден негов екс соиграч од репрезентацијата се „отвори“ за неговото детство. Станува збор за Џермејн Пенант, кој во својата кариера играше во Ливерпул и во Арсенал, како и за англиската репрезентацијата.
Пенант прогласи банкрот на почетокот на оваа година, а низ минатото му беше дијагностицирано пореметување предизвикано од хиперактивност и пост траумски стресно пореметување. Сето тоа било поврзано со траума од детството за кое сега зборуваше.
„Мајка ми ме напушти кога имав три години. Моите родители беа разведени, кај татко ми ги минував викендите, а кога еднаш требаше да ме врати на мајка ми, нејзе ја немаше. Од тогаш во целост ме одгледа татко ми, и тоа го правеше најдобро што знаеше до мојата петта-шеста година, а потоа во целост почна да ме запоставува. Во училиште одев сам, самиот си правев за јадење, често јадев „корнфлекс“. Дојде до тоа да моите родители ме нарекуваат „корнфлекс дете“. Татко ми потоа почна да се дрогира, луѓе непрестанато почнаа да влегуваат и излегуваат од омојата куќа. Сето тоа се одвиваше додека јас бев во куќата. Така останав без мајка и татко, опкружен со дрога и со криминал“, рече Пенант кој откри дека бил во затвор на 30 дена, и дека неговиот татко не дошол да го посети, но дошол тренерот Стив Брус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

