Лутон бара одложување на првиот домашен меч во Премиерлигата

Новајлијата во Премиерлигата екипата на Лутон, побара одложување на првиот меч со Барнли на нивниот стадион поради реновирање на теренот и на трибините. Мечот требаше да се игра на 19. август, но до тогаш новиот премиерлигаш нема да стигне со реновирањето на стадионот, па ќе биде дополнително објавено кога ќе се игра натпреварот.

Тимот за прпат после 31 година ќе игра во Премиерлигата, но нивниот стадион не ги исполнува потребните услови, по што челните луѓе веднаш се впуштија во средување на состојбата.

„Теренот на Кенилворт Роуд, што вклучува изградба на нова трибина. Заедно со Премиерлигата и со Барнли сметаме дека ова е разумен потег, што им дава доволно време на навивачите на двата тима да ги направат своите планови за патување до новиот датум“, велат од Лутон.

Барнли го одби барањето на Лутон за одложување на овој натпревар, но последниот збор ќе го имаат челниците на Премиер-лигата.

Се вчитува...