Холанѓанецот во одбрана на Менди: И сега, кој ќе му го врати животот, кариерата…?

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди мина низ пекол во последните две години. Беше обвинет за бројни силувања и обиди, но англискиот суд пресуди и го прогласи за невин за 10 точки. Менди од денеска е сосема слободен човек, но никој нема да му ги врати претходните две години, месеци минати во затвор и уништена фудбалска кариера.

Откако беше ослободен, се јавија многу фудбалери во знак на поддршка, но се чини зборовите на холандскиот репрезентативец Мемфис Депај силно одекнаа во јавноста.

„Сите обвинувања отфрлени, и сега што? Како да му помогнеме на овој брат да ги залечи раните? Кој ќе одговора за штетата и за честа? Кој ќе му ја врати кариерата?“, пишува Депај и продолжува.

„Потребно е многу години да се стане професионалец, и што сега? Никогаш не сакав да се јавувам за оваа тема затоа што не ги знаев сите детали, но разговарав со него додека беше зад решетки, а и сум играл против него. Не видов зло во овој човек. Не можеме да дозволиме ова да ни се случува на нас спортистите. Кој ќе застане зад нас кога е потребно и кога штетата е веќе направена? Луѓе, не ја вртете главата“, стои во пораката на Депај.

Се вчитува...