Легендарниот холандски голман Едвин ван дер Сар, во петокот навечер од болницата во Сплит, е префрлен во болница во Холандија, соопштува неговата сопруга Анемарие.
Состојбата на голманот останува стабилна, контактибилна, и надвор од животна опасност. За ова информираше и тимот на Ајакс, повикувајќи се на сопругата на Едвин.
„Едвин во петокот навечер ја напушти Хрватска и моментално е на одделението за интензивна нега во холандска болница. Неговата состојба останува иста: стабилна, не е во животна опасност и комуникативен е. Семејството Ван дер Сар сака да ја изрази својата длабока благодарност до „Универзитетската болница во Сплит“ за нивната голема грижа во текот на минатата недела. Едвин мора да остане на одделот за интензивна нега каде што ќе биде дополнително испитан, а семејството се надева дека потоа ќе може да се фокусира на неговото закрепнување“, стои во објавата на Ајакс.
Ван дер Сар пред десетина дена добил излив во мозокот за време на одмор во Хрватска, и веднаш бил пренесен во болницата во Сплит. Не е познато дали станува збор за повреда од механичка природа, или, пак, се случила одеднаш додека легендарниот холандски голман бил на одмор во Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА