Официјално: Вест Хем се збогуваше од Рајс, ќе стане најскапиот англиски играч

И официјално, Деклан Рајс го напушти тимот на Вест Хем, потврди неговата екипа. Рајс ќе замине во Арсенал во трансфер кој ќе чини 100 милиони фунти плус бонуси, но и процент од следниот трансфер на фудбалерот.

Така „чеканите“ го срушија рекордот и добро ја наполнија касата. Рајс ќе стане најскапо платениот англиски играч, откако ќе го сруши рекордот на Џек Грилиш кој изнесува 100 милиони евра.

Најскап трансфер во Премиерлигата е оној на Енцо Фернандез, кој Челси го плати 106,5 милиони фунти на Бенфика.

Се вчитува...