Се случи најскапиот трансфер на Англичанец на сите времиња: Арсенал го промовираше Деклан Рајс!

Сега и официјално, Деклан Рајс стана нов фудбалер на Арсенал откако денеска го комплетираше трансферот на „Емирати“ и стана најскапиот англиски играч на сите времиња. Рајс за сума од 100+5 милиони фунти се пресели од Вест Хем во таборот на „топчиите“. Претходно се поврзуваше со трансфер во Сити, но се одлучи да остане во Лондон.

Цел преоден рок се шпекулираше за Рајс во Арсенал, и денеска дојде денот кога конечно тој се приклучи на Арсенал, кој идната сезона најавува дека ќе оди на освојување на титулата, која му „избега“ во минатата.

„Среќен сум што Деклан дојде во нашиот тим. Тој е фудбалер со одлични квалитети, кој покажа високо ниво во Премиерлигата и во англиската репрезентација во изминатите сезони. Има одлично искуство во Премиерлигата, а има само 24 години. Многу добро го предводеше тимот на Вест Хем со капитенската лента, и верувам дека ќе биде големо засилување за нашиот тим“, рече менаџерот на „топчиите“, Деклан Рајс.

Трансферот на Рајс во Арсенал ја надмина сумата која Манчестер Сити ја плати за Џек Грилиш, која изнесуваше 100 милиони фунти.

Се вчитува...