Дибала и Мурињо го канат Мората во Рома

Тешката повреда на лигаменти на коленото на Тејми Абрахам, по која ќе биде надвор од терените долго време, ги натераа челниците на Рома и тренерот Жозе Мурињо да бараат нов напаѓач.

Големата желба Џанлука Скамака од Вест Хем со кој наводно веќе постои начелен договор, но „волчицата“ сака уште еден со него. Наводно изборот паднал на искусниот Алваро Мората. Мората доаѓа како конкуренција за Андреа Белоти кој имаше очајна сезона во дресот на Рома.

Шпанецот одново е на излезна врата од Атлетико, само што овојпат не на позајмица, туку со долгорочен договор. Во „операцијата“ на доведување на Мората, наводно учествува и неговиот екс соиграч од Јувентус, Пауло Дибала кој му кажал добри зборови за клубот и за Мурињо.

Рома е подготвена да му даде 4,5 милиони по сезона, односно 1,5 милион помалку колку што заработува во Атлетико, но и да му понуди четиригодишен договор, кој би требало да биде доволен за Шпанецот да се пресели во Рим.

Се вчитува...