Екс играч на Шкупи пред трансфер во Нант

Екипата на Нант од Франција го бара Ламине Диак, екс фудбалерот на Шкупи, кој беше во чаирскиот тим од 2019 до 2021 година, од каде замина во Тузласпор, па преку Фенербахче во Анкарагучу.

Според француските медиуми, Нант ќе му плати отштета на турскиот тим во висина од 2,5 милиони евра, а тоа е за 2 милиони помалку од она што Шкупи го заработи во 2021 година кога го продаде на Тузласпор.

Договорот на Диак со Ангакаручу му беше до 2025 година, но Нант е подготвен да го откупи. Во македонската прва лига одигра 52 натпревари, постигна пет гола и четири асистенции.

Се вчитува...