Ромело Лукаку нема да биде дел од Интер и идната сезона, откако „нероазурите“ се решија да се откажат од неговите услуги, и да не ги продолжат преговорите со Челси. Наводно челниците на Интер биле многу бесни откако дознале дека фудбалерот е во преговори и со Јувентус, па се решиле да не го ангажираат.
Ова не е првпат Лукаку да им „забива нож“ на Интер, откако пред две години, иако беше во супер форма во дресот на италијанскиот тим, побара да замине и да се врати во Челси. Но неговата „епизода“ на „Стемфорд Бриџ“ беше само кратка, па по една сезона како позајмен се врати во Интер.
Иако Интер првично имаше договор со Челси за сума од 35 милиони евра плус пет за бонуси, сепак, на крајот Белгиецот се одлучи и да стапи во прегорови со Јувентус, кој нуди нешто повеќе. Затоа сега како најсериозна опција се споменува „Старата дама“, иако не е исклучено да замине и во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА