Теона Андова е новата македонска шампионка во тенис, откако денеска на терените на ТК „Југ“ во финалето ја совлада Ива Данева со 2-1 во сетови.
До шампионската титула Андова стигна откако во полуфиналето и финалето ги победи македонските тениски репрезентативки, Александра Симева и Ива Данева.
Во полуфиналето Андова беше поуспешна од бранителката на титулата Симева со 2-1 (2-6, 6-1, 6-4), додека во воведното коло триумфираше над Благица Голубова со 2-0 во сетови (6-1, 6-2). За Ива Данева ова беше трето финале во серија (2021, 2022 и 2023) и остана со шампионската титула од 2021 година.
Во машкото финале утре ќе играат Димитар Грабул и Шендрит Деари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

