Никола Миротиќ се договори со Партизан, и во секој момент треба да потпише со белградските „црно-бели“, пренесуваат медиумите во Србија.
Миротиќ ќе потпише за тимот предводен од Жељко Обрадовиќ на една плус една година, а од првата сезона ќе заработи 3,5 милиони евра, плус бонуси при евентуален пласман на Ф4 во Евролигата, освојување на пехарот од ова натпреварување или освојување на АБА лигата.
Миротиќ од 2019 година е член на Барселона, но шпанскиот тим се одлучи драстично да го намали буџетот, и така некои кошаркари ќе си заминат. Миротиќ има побарувања од Барселона одд цели 22 милиони евра.
За него беа заинтересирани и многу клубови, меѓу кои и грчките гиганти Олимпијакос, Панатинаикос, Армани и Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА