Хенес: Кејн јасно кажа што сака, Тотенхем ќе мора да се предаде

Баерн Минхен ја продолжува потрагата по нов врвен голгетер откако минатото лето не беше донесена адекватна замена за Роберт Левандовски, грешка што управата на баварскиот гигант нема намера да ја повтори.

Јавна тајна е дека на врвот на листата со желби се наоѓа Хари Кејн, голгетерот на Тотенхем кој има уште една година од договорот со лондонскиот клуб. Преговорите се во тек, „спарси“ инсистираат на огромна отштета, но Ули Хенес е оптимист дека Баерн ќе успее да го финишира овој мегатрансфер во текот на преодниот рок.

„Се знае дека преговараме за Кејн, она што е позитивно е дека тој има донесено одлука што е позитивна за нас. Ако Кејн остане на зборот, ние дефинитивно ќе го потпишеме. Тотенхем ќе мора да се предаде бидејќи времето не работи за овој клуб. Леви е искусен преговарач, се уште нема побарано конкретна сума, тоа првиот чекор што ќе мора да се направи. Многу го почитувам како фудбалски оперативец, тој е голем професионалец, но и ние не сме во оваа работа од вчера“ изјави Ули Хенес.

Се вчитува...