Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва направи голем успех. Ја совлада Украина, и така избори пласман во „А“ дивизијата, а утре ќе игра и во големото финале во „Б“ дивизијата.
Македонските кошаркари го дознаа и противникот за утрешното финале. Тоа е селекцијата на Чешка, која вечерва ја совлада Шведска без проблеми со 20 разлика (94-74).
Кошаркарите на Чешка доминираа во текот на целиот меч, и заслужено дојдоа до убедлив триумф. Тоа покажува дека момците на Никола Василев ќе имаат тешка задача, меѓутоа носени од публиката во СЦ Борис Трајковски посакуваме победа на нашите момци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА