Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз денеска ќе се сретнат во финалето на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон.
За Србинот ова ќе биде 35 финале на најголемите тениски турнир со што го урна апсолутниот рекорд на легендарната Крис Еверт. Доколку стигне до титулата таа ќе биде за него осма вимблдонска (со што ќе се израмни на вечната листа со Роџер Федерер) и 24. гранд-слем (ќе го израмни апсолутниот рекорд на Маргарет Корт).
Од другата страна на мрежата ќе биде Шпанецот, Карлос Алкараз кој дефинитивно се покажува како вистински наследник на големата тројка. Карлитос веќе освои гранд-слем титула (УС опен минатата година), а себично го чува и првото место на АТП листата.
Победникот на овој меч од понеделник ќе биде и прв на ранкингот. Натпреварот кој ќе се игра на „Централниот терен“ во „Ол-ингланд“ клубот е со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

