Арон Ремзи по 15 години се врати во Кардиф

Капитенот на репрезентацијата на Велс Арон Ремзи по 15 години се врати во Кардиф. Поранешниот играч на Арсенал потекнува од велшкиот клуб со кого сега потпиша договор до јуни 2025 година.

Ремзи играше за Кардиф во периодот од 2006 до 2008 година, а потоа помина 11 години во Арсенал. По Арсенал настапуваше за Јувентус и Ница од каде се врати во својот поранешен клуб.

За репрезентацијата на Велс одигра 82 натпревари на кои постигна 20 гола.

 

Се вчитува...