Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години го освои сребрениот медал на Европското првенство Б-дивизија кое се игра во нашата земја, откако вечерва во финалето беше поразена од Чешка со 72-85. Како и во групната фаза така и вечерва Чесите беа посконцетрирани па на крајот стигнаа до заслужен триумф.
За разлика од мечот во групната фаза овојпат Чесите подобро го отворија натпреварот и по четири минути игра поведоа со 4-12, по кои селекторот Василев мораше да го повика првиот тајм-аут. По тајмаутот нашите кошаркари ги средија своите редови па до крајот на првиот период стигнаа до негатива од само четири поени 16-20.
И двете екипи напаѓачки слабо го отворија вториот период, а силните одбрани беа одлика и на Македонија и на Чешка, па по 15 минути игра резултатот на семарото изнесувањеш 21-25. Слабата реалаизација беше наша одлика и во продолжението, па Чесите на пауза заминаа со највисоките плус девет 26-35.
Нашите момци конечно го пронајдоа шутот во третиот период, па на три минути до крај на третата четвртина стигнаа до целосен пресврт (48-46). Чесите ја поправија играта па во последните десет минути се влезе со реми 52-52. Чешка се рашутира и во последниот период па на пет минути до крајот стигнаа повторно до плус осум 59-67.
Во финишот Чесите погодуваа буквално од секоја позиција и на крајот заслужено стигнаа до конечен триумф од 72-85.
Теодор Симиќ со 23 поени повторно беше прв поединец во нашиот табор со 23 поени, додека кај победникот Ондреј Хустак постигна 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА