Мексико го освои „Голд Купот“

Фудбалската репрезентација на Мексико е освојувачот на „Голд Купот“ откако во големото финале на овогодинешното издание славеше против Панама со 1-0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Сантијаго Хименез кој ја затресе мрежата во 88. минута, гол кој беше доволен за деветта шампионска титула на Мексико во престижното натпреварување.

Се вчитува...