Чилеанецот кој во минатото ги бранеше боите на Јувентус, Интер и Барселона, Артуро Видал го забележа дебито за новиот клуб, бразилскиот Атлетико Паранеаснсе, а притоа не остана покус од критика кон својот поранешен тренер во Фламенго, Хорхе Сампаоли.
Видал за поранешниот селектор на Аргентина за кој одигра 51 натпревар немаше убави зборови нарекувајќи го лузер.
„Среќен сум што повторно играм, секогаш сум подготвен за игра. Имав тренер кој е лузер, кој не знае да ги цени своите играчи. Но, за среќа тоа е завршена приказна. Среќен сум што повеќе нема да играм за клуб кој тој го води“, изјави 36-годишникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА