Карлос Алкараз во фантастичното финале на Вимблдон стави крај доминацијата на Новак Ѓокоиќ и ја освои само втората грен-слем титула. Младиот тенисер одигра одличен натпревар во кој по лошиот старт беше на врвно ниво до самиот крај.
Пофали доби и од страна на Новак Ѓокоиќ кој изјави дека Шпанецот добро ги проучил предностите на тенисерите од „големата тројка“.
„Тоа што Новак го кажа е апсолутено лудо најискрејно. Јас себе си се сметам за комплетен играч. Мислам дека имам добри удари, физички сум силен и имам ментална сила да се борат со вакви тешки ситуации. Не знам. Веројатно е во право, но не сакам да размислувам за тоа. Сакам да мислам дека сум Карлос Алкараз, но и дека имам делови од најголемите во историјата“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

