Бутел продолжува со формирањето на тимот за наредната сезона, а скопскиот суперлигаш заврпи голема работа со потпишувањето на новиот договор со Владимир Јевтиќ, пивотот кој минатата сезона беше меѓу најдобрите поединци во таборот на „бутелци“.
„Српскиот кружен напаѓач Владимир Јевтиќ и во претстојната сезона ќе ги брани боите на Бутел Скопје. Јевтиќ потпиша нова соработка со нашето раководството и одново ќе биде еден од столбовите на одбраната и важните алки во нападот. Тој ги брани боите на Бутел Скопје од 2021 година“, објави РК Бутел.
Претходно скопскиот клуб ги ангажираше тренерот Горан Кузманоски, како и бековите Марко Стојанов и Лука Иваниќ, голманот Александар Стојаноски и десното крило Дамјан Георгиев. Договорите беа продолжени со бековите Стефан Крстевски, Димитар Ѓоргиевски и Кристијан Давитковски, како и со голманот Бојан Блажески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА