Бруно Фернандеш одлучи да не ги заследи стапките на неговиот сонародник Кристијано Роналдо и да остане во европскиот фудбал, потточно во Манчестер Јунајтед со кој сака да освојува трофеи во годините кои следат.
За португалскиот репрезентативец беа заинтересирани две екипи од Саудиска Арабија кои испратија големи финансиски понуди за негов ангажман, но 28-годишникот верува дека планот на Ерик тен Хаг и сака да го донесе својот тим до врвот на Англија и Европа.
Лојалноста може да му ја донесе и капитенската лента. Холандскиот стратег одлучи истата да му ја одземе на Хари Мегваер кој е пред излезните врати на „Олд Трафорд“, а токму Фернандеш се јавува како прва опција за лидер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

