Џид Белингам во новата сезона ќе настапува за Реал Марид откако ова лето реализираше трансфер кој може да достигне 130 милиони евра со бонуси. Младиот Англичанец го главниот град на Шпанија пристигна од редовите на Борусија Дортмунд, а веќе на почетокот на подготовките мораше да се соочи со Антонио Пинтус.
Еден од најдобрите кондициски тренери е познат по својата бруталност за која сега говореше и Белингам.
„Антонио Пинтус обожава да не „убива“, а и тоа е неговата задача. Но, го сакам, тој е одличен тип. Уживам во секоја секунда во секој поглед буквално. Непроценливо е тоа што сум тука и соработувам со овие дечки и постојано учам од врвни тренери. Во соблекувалната имаме одлична атмосфера мислам дека добро се вклопив. Многу сум задоволен со се до сега“, вели Белингам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

