Рокас Јокубаитис и во новата сезона ќе биде дел од Барселона. Во договрот на Литванецот кој е дел од клубот од 2021 година постои можност за продолжување на соработката и за сезоната 2023/24 која ќе биде активирана од страна на каталонскиот гигант.
Литванецот дојде во редовите на Барселона во ерата на неговиот сонародник Шарунас Јасикевичиус, но со заминувањето на литванскиот стратег се појавија и гласини за заминување на младиот бек кој истите ги отфрли во разговор со „Баскет њуз“.
„Се е договорено. Опцијата која ја имам во договорот за продолжување на соработката е активирана во јули и се уште имам договор со Барселона. Треба да разговарам со менаџерот, но управата на Барселона веќе ме контактираше и нема причина за грижа“, открива младиот кошаркар кој претходната сезона бележеше просек од 5.3 поени и 2.6 асистенции во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА