Црвена Звезда потпиша професионален договор со еден од најголемите европски таленти

Црвена Звезда го осигура потписот на еден од најперспективните европски таленти родени во генерацијата 2005. Станува збор за Никола Топиќ, син на поранешниот легендарен играч и тренер на „црвено-белите“ Миленко Топиќ.

Седумнаесетгодишникот кој настапуваше во младинските конкуренции на белградскиот гигант го потпиша својот прв професионален договор кој е со важност во следните четири години.

Топиќ неодмна блесна за евролигашко ниво во својата конкуренција настапувајќи на „Некст-ген“ турнирот каде постигна 49 поени предводејќи ја Црвена Звезда до завршницата во Каунас.

Со оглед на преполниот состав на Црвена Звезда која неодамна се засили со Теодосиќ, Шилдс и Силва на бековската линија, очекувањата се дека Топиќ следната сезона ќе настапува за Мега како позајмен играч.

Се вчитува...