Хари Кејн останува топ тема во фудбалската јавност. Репрезентативецот на Англија се поврзува со трансфер во редовите на Баерн Минхен каде се гледа како идеална замена за Роберт Левандовски, но покрај тешките преговори со Тотенхем, германскиот тим сега доби и неочекувана конкуренција.
Станува збор за ПСЖ кој и во минатото покажа интерес, но никогаш не влезе во конкретни преговори за ангажман на искусниот голгетер. Сега работите се променети, а токму Кејн може да биде замената за Килијан Мбапе кој и понатаму одбива да го продолжи договорот со парижани.
Англискиот премиерлигаш веќе одби две понуди за Кејн од страна на Баерн Минхен во висина од 70 и 80 милиони евра, а доколку Германците сакаат да го надмудрат големиот француски ривал ќе мораат да се согласат на барањата на лондонскиот клуб од 100 милиони евра бидејќи оваа сума е прифатлива за ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА