Новак Ѓоковиќ не успеа да ја продолжи неверојатната децениска низа на победи на централниот терен на Вимблдон откако во финалето на овогодинешното издание загуби од младиот шпански тенисер Карлос Аклараз со 3-2.
Српскиот тениски ас имаше и испад во петтиот сет кога бесот од раниот брејк на Шпанецот го изрази на рекетот, кршејќи го истиот од столбовите на мрежата на средината на теренот.
Овој потег наиде на негодување на публиката, а раководството на Вимблдон за недоличното однесување денеска му ја соопшти и казната од 6117 фунти, односно околу осум илјади евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА