Една од најголемите ѕвезди во НБА, Стеф Кари нема да игра за репрезентацијата на САД летово на Светското првенство кое се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Сепак, одличниот бек шутер ја остави отворена можноста да биде дел од тимот на САД на ЛОИ во Париз следната година.
Селектор ќе биде Стив Кер, неговиот тренер во Голден Стејт, а олимпиското злато е единствениот трофеј што му недостига на Кари.
„Кер често се шегува со мене дека ми недостига олимпиското злато. Тој веќе почна да ме регрутира за следното лето. И јас сакам да го имам тој трофеј, но не знам што ќе се случи за една година. Фактот што Кер ја води репрезентацијата е веднаш голем плус за мене. Сакам да играм за него секој ден во неделата. Се надевам дека ќе соработуваме и во репрезентацијата“, изјави Стеф Кари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

