МЗТ преговара за враќање на Дејвис

МЗТ Скопје се уште е во потрага по нови кошаркари за наредната сезона, а аеродромци во меѓувреме разговараат со неколку странски кошаркари кои се добро познати на домашната сцена.

Веќе се во тек преговорите со екс-плејмејкерот на Гостивар, Американецот Ворку, а „металците“ во меѓувреме почнаа разговори и со поранешниот свој член, крилниот центар Хуан Дејвис. Станува збор за американски кошаркар кој беше дел од успешната приказна пред две сезони, кога тимот успеа да влезе во АБА1 лигата. Тој потоа реши да се пресели во Задар, но според последните информации Дејвис сериозно размислува за камек во таборот на аеродромци.

Американецот е во исчекување на разврската во Задар, ако се знае дека и хрватскиот клуб се соочува со сериозни финансиски проблеми, што дефинитивно ги зголемува шансите на македонскиот првак во трката за ангажман на Дејвис.

Во однос на ланскиот тим, дефинитивно од таборот на МЗТ Скопје си заминуваат странците Кефи, Вер, Кук, Абу, Бурсаќ и Миќовиќ, а се очекува поголема минутажа да добие Андоноски, кој добро ја искористи шансата во ланскиот плејоф.

Се вчитува...