Изненадување на „Олд Трафорд“ – ветеран се врати во клубот

Манчестер Јунајтед го врати Џони Еванс во тимот на краткотраен договор. 35-годишникот кој потекнува од младинската школа на „црвените ѓаволи“ сениорскиот дрес го носеше од 2006 до 2015 година, период во кој зад своето име запиша 198 натпревари.

Искусниот стопер доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Лестер, а ќе биде дел од тимот на подготовките за новата сезона на пријателските натпревари кои клубот од Манчестер ќе ги одигра во Едингбург и Сан Диего.

Договорот што е потпишан е опишан како „краткорочен“, па останува да се види дали Тен Хаг би сметал на Еванс и за новата премиерлигашка сезона или само за овие летни подготовки.

Се вчитува...