Факундо Кампацо во новата сезона ќе ги брани боите на Реал Мадрид откако денеска официјално стави потпис на соработка која треба да трае до 2027 година што воедно го означи и неговото враќање во главниот град на Шпанија.
Аргентинскиот ас „кралскиот дрес“ го носеше од 2014 до 2020 година, период во кој освои 11 трофеи, од кои два во Евролигата па по враќањето не го криеше задоволството што повторно ќе настапува, како што вели во неговиот дом.
„Многу ми значи и на мене и на моето семејство што се вратив таму каде што се чувствувам како дома. Тука добив шанса да покажам каков играч сум и за тоа вечно ќе бидат благодарен. Мислам дека сум подобар играч отколку кога дојдов, но тоа морам да го покажам од ден за ден. Навивачите отсекогаш покажуваа љубов и затоа и јас ќе се обидам да го оставам срцето на терен на секој натпревар“, изјави Кампацо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА