Лионел Меси полека, но сигурно формира тим од добро проверени соиграчи во Интер Мајами. Аргентинскиот генијалец учествуваше во преговорите за ангажман на Серхио Бускетс, а Меси има свој печат и во успешните разговори со Жорди Алба, кој денеска ќе им се приклучи на поранешните соиграчи од Барса во тимот од МЛС-лигата.
Каталонските медиуми тврдат дека одлуката конечно е донесена и дека Алба одбил далеку повеќе пари од клубови од Саудиска Арабија за да се пресели во САД. Пресудно било семејството, тој наскоро по трет пат ќе стане татко и сакал децата да му растат во Мајами, а не во Саудиска Арабија, поради што се заблагодарил на интересот од оваа „источна земја“ и решил да се пресели „на запад“.
Договорот ќе биде потпишан во текот на денешниот ден и според него Алба ќе заработува по два милиони евра годишно, во наредните две натпреварувачки сезони.
Меси се обидува да издејствува во клубот да пристигне уште еден негов добар пријател, Уругваецот Луис Суарез, но проблем е што искусниот голгетер има договор со Гремио до декември 2024 година и бразилскиот клуб не го пушта без соодветна отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

