Челниците на Ајакс се соочуваат со огромни проблеми, клучните фудбалери си заминуваат од клубот, а гигантот од Амстердам се мачи да ги пополни и клучните функции во управата по заминувањата на Овермарс и на Ван дер Сар.
Една од идеите беше директорска улога да му биде понудена на Весли Снајдер, кој со успех настапуваше за Ајакс од 2002 до 2007 година, но навивачите на Ајакс јасно ставија до знаење дека тоа е неприфатливо за нив.
„Да бидеме целосно јасни – оваа будала не е добредојдена во нашиот клуб. Тоа отворено му го порачавме уште пред три години, дека е персона нон грата во Ајакс. И тоа не се однесува само на неколкуте патетични години, колку што траеја неговите два пропаднати брака, туку засекогаш. Весли, ако само еден процент од гласините за твој камбек во Ајакс се точни, тогаш ти си повеќе од идиот. Ако е вистина – ти си шизофреник“, порачаа најверните фанови на Ајакс преку своите профили на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

