Барселона денеска комплетираше уште еден трансфер, потпишувајќи тригодишен договор со Ориол Ромеу. Станува збор за 31-годишен фудбалер кој важи за голем борец на позицијата последен играч за врска, но јасно е дека доаѓа како „бек-ап“ варијанта за тренерот Чави, а не како играч кој би се борел за првотимски статус во средниот ред.
Ромеу ја мина ланската сезона во дресот на Џирона, но јасно стави до знаење дека не планира да остане во овој тим, забрзувајќи го трансферот во Барселона. Каталонците ги интензивираа преговорите, како дел од договорот го испратија Пабло Торе на позајмица во Џирона, по што експресно се договорија за тригодишна соработка со Ромеу.
Ова всушност претставува камбек на Ориол Ромеу во клубот каде што ја почна кариерата. Тој беше дел од младинската школа на Барселона, потоа доби шанса и во првиот тим на каталонците, за на 20-годишна возраст да замине во Челси во трансфер вреден пет милиони евра. Ромеу никогаш не се наметна меѓу „сините“ од Лондон, беше испраќан на позајмици во Валенсија и во Штутгарт, по што во 2015 се пресели во Саутемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

