Европјаните кои ќе играат во саудиското првенство нема да живеат во Саудиска Арабија

Преселбата на голем број врвни фудбалери како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Нголо Канте, Рубен Невес, Марсело Брозовиќ… во саудиското првенство отвори едно интересно прашање како да се најде компромис помеѓу европската кулутира и строгите и контроверзни закони во Саудиска Арабија.

Англиските медиуми сепак најдоа решение за проблемот тврдејќи дека дел од фудбалерите и нивните семејства нема да живеат во Саудиска Арабија, туку во соседниот Бахраин кој е оддалечен од 70 до 100 километри од арените каде што тренираат саудиските клубови.

Во Бахраин не се води строга политика и тоа е држвата отворена за ноќен живот со можност за конзумирање на алкохол на јавни места, која има и богата туристичка понуда со разни услужни дејности.

Се вчитува...