Атлетико Мадрид ќе му ја исполни желбата на Феликс

Жоао Феликс некогашното 127 милионско засилување на Атлетико Мадрид ова лето одново ќе го напушти клубот. Португалецот кој дел од претходната сезона помина на позајмица во Челси неодмана откри дека отсекогаш сакал да заигра за Барселона, а „јорганџиите“ ќе му ја исполнат желбата.

Според шпанските медиуми веќе се започнати преговори кои прво ќе го одведат 23-годишникот како позајмен играч на „Камп Ноу“, а каталонскиот тим ќе има и опција за откупување на неговиот договор.

Со тоа се очекува да се стави крај на четиригодишната соработка помеѓу Феликс и Атлетико Мадрид, соработка која се очекуваше да ја промени фудбалската мапа во Шпанија, но талентираниот фудбалер никогаш не ги исполни очекувањата.

Се вчитува...