Матеус Лемос е нов фудбалер на ФК Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го претстави Матеус Лемос како свое второ засилување во сезоната во која се враќа во елитата на мак-фудбалот.

Бразилецот кој има 26 години доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров, каде настапуваше две сезони, освојувајќи две куп титули.

„Му посакуваме добредојде, а до сите навивачи упатуваме апел, да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно го помагате функционирањето на клубот!“, стои во соопштението на ФК Вардар. 

Се вчитува...