Освојувачот на националниот куп Македонија Ѓорче Петров утре ќе му гостува на РФС во реванш натпреварот од првото квалификациско коло од Конференциската лига.
Иако по првиот меч „лавовите“ имаат негатива од 0-1, тренерот Горан Симов е оптимист…
„Оптимисти сме, времето ќе биде поинакво од Скопје, и се надеваме сите на добар резултат, сите играчи се подготвени да одговорат на предизвикот и здраствениот билтен е како што треба“, изјави Симов.
Слично размислува и Стојковски…
„Недостигот од Европските натпревари некогаш си го прави своето, но нема предавање, во вториот дел на 1 – от натпревар видовме дека можеме и можеме да жалиме што не погодивме на дуелот во Скопје, но се е можно во фудбалот и утре ќе дадеме се од себе за добар резултат“, изјави Стојковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА