Одбојкарскиот шампион на Македонија во женска конкуренција Работнички ќе се сретне против Романски Лугој во првото коло од новото издание на ЦЕВ челинџ купот.
Лугој беше третопласиран во изминатата сезона во романското првенство, а Работнички после долги години настапи само на домашна сцена, реши да се пријави и да излезе на меѓународна сцена.
Првиот натпревар ќе се игра во Романија во периодот од 10. до 12. октомври, додека реваншот е закажан за една седмица подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА