Чави Симонс на крајот заврши во Лајпциг

Холанѓанецот Чави Симонс, кој важи за еден од најголемите европски таленти, следната сезона ќе игра во Лајпциг.

Германскиот клуб се договори за едногодишна позајмица со Пари Сен Жермен, со кој 20-годишниот Симонс има договор на четири сезони. Симонс минатата сезона беше член на ПСВ Ајндховен каде постигна 19 гола во Ередивизија.

Се вчитува...