По продажбата на Сандро Тонали во Њукасл, Милан почна да носи засилувања во средниот ред, прво пристигна Рубен Лофтус Чик од Челси, а сега е ангажиран и Тиџани Рајндерс од АЗ Алкмар.
„Милан е задоволен што може да соопшти дека го купи Тиџани Рајндерс од АЗ Алкмар. Холанѓанецот стави потпис на договор со трајност до 30. јули 2028 година“, соопштија „Росонерите“.
Милан ќе плати околу 20 милиони евра плус бонуси за услугите на Тиџани Рајндерс, кој доаѓа на инистирање на Стефано Пиоли.
24 годишниот Холанѓанец е петтото ново име во Милан ова лето по Кристијан Пулишиќ, Лука Ромеро, Рубен Лофтус Чик и Марко Спортиело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА