Нејмар дециден: Останувам во ПСЖ, со љубов или без неа

ПСЖ се мачи да најде заеднички јазик со Килијан Мбапе, па затоа во заден план остануваат и проблемите што францускиот првак ги има со Нејмар. Бразилецот е втор најплатен фудбалер во тимот, подолго време е во конфликт со навивачите и со дел од соиграчите, но „светците“ веќе две години се обидуваат, но не успеваат да го продадат.

Нејмар пак, од своја страна е среќен да сотане во клубот што секоја година му плаќа богатство и според последните зборови, тој не планира ниту летово да ги смени клупските бои.

„Верувам дека ќе останам во ПСЖ, имам договор и никој не ми кажал дека морам да си заминам. Мирен сум, иако сум свесен дека не постои многу љубов од страна на навивачите. Јас ќе бидам дел од ПСЖ, со љубов или беа неа“, изјави Нејмар.

Тој се уште се мачи со незгодната повреда поради која пропушти значаен дел од ланската сезона.

„Повредата е навистина фрустрирачка, не можев долго време ниту да одам нормално, камоли да трчам. Целиот процес на рехабилитација беше многу тежок и болен, но верувам дека наскоро ќе се вратам на терените“, порача бразилскиот ас во дресот на ПСЖ.

Се вчитува...