ФИБА ги објави учесниците: Работнички и Феникс ги дознаа потенцијалните ривали за ФИБА Европа купот

Работнички и Феникс ги дознаа потенцијалните ривали во ФИБА Европа купот како и системот на натпреварување што европската куќа на кошарката денеска го објави.

Двете македонски екипи ќе бидат дел од квалификациските турнири, но не може да се најдат во ист турнир бидејќи Работнички и Феникс се сместени во ист шешир за ждрепката што ќе биде извршена на 8 август.

Според пропозициите, ќе бидат одиграни седум квалификациски турнири, шест од нив со по три екипи и еден со четири учесници. Пласман во групната фаза од Европа Купот ќе обезбедат само победниците на квалификациските турнири.

Согласно правилата, екипите кои се елиминирани од квалификациите за ЛШ на ФИБА имаат загарантирано место во групната фаза од Европа купот, а доколку некоја од нив се откаже од настап тогаш местото ќе припадне на најдобрата второпласирана екипа од групите од квалификациите за ФИБА Европа купот.

ШЕШИР 1: Донар (Холандија), Порто (Португалија), Егис Корменд (Унгарија), Керавнос (Кипар), Парну (Естонија), Сарагоса (Шпанија), Катаја (Финска).

ШЕШИР 2: Трепча (Косово), Јамтланд (Шведса), Бнеи Херзлија (Израел), Рапид Букурешт (Романија), Маниса (Турција), Рошток сивулвс (Германија), Черноморец (Бугарија).

ШЕШИР 3: Анортозис (Кипар), Пардубице (Чешка), Тиндастол (Исланд), Невезис (Литванија), Феникс (Македонија), Работнички (Македонија), Борас (Шведска).

ШЕШИР 4: Сабах (Азербејџан)

Се вчитува...