Вардар денеска и официјално го претстави третото засилување во летниот преоден рок, потпишувајќи договор со Лука Трајкоски, кој им се приклучи на Владица Брдароски и на Матеус Лемос како нови фудбалери во црвено-црниот табор.
„23 годишниот крилен играч Лука Трајкоски е трето засилување на ФК Вардар во летниот преоден рок. Во својата досегашна кариера има настапувано за екипите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров забележувајќи над 100 настапи во првата македонска фудбалска лига. Му посакуваме успешни настапи и многу победи во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Му посакуваме добредојде, а до сите навивачи упатуваме апел, да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно го помагате функционирањето на клубот“, објави Вардар.
Првиот тим на „црвено-црните“ се уште се наоѓа на Златибор, каде денеска со почеток во 18.30 часот ќе одигра пријателски дуел со црногорскиот прволигаш Бокељ Котор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА