Работнички потпиша на три години со фудбалер од Јамајка

Работнички доведе уште едно засилување во пресрет на новата сезона, потпишувајќи тригодишен договор со фудбалерот од Јамајка, Кристоџеј Дејли.

Дејли има 20 години и доаѓа од Харбор вју, еден од најдобрите клубови во Јамајка. Тој дел од минатата сезона мина и во словенечкиот прволигаш Копер. Станува збор за офанзивен играч за врска кој може да одговори и на потребите на левата крилна позиција.

Работнички ги продолжува подготовките во Словенија и сабота ќе одигра пријателски натпревар со словенечкиот нисколигаш Бриње.

Се вчитува...