Јувентус пак се ослободи од Артур

Артур пред неколку години пристигна во Јувентус во директна замена за Миралем Пјаниќ, но бразилскиот фудбалер за врска никогаш не ги оправда очекувањата на „старата дама“.

Ланската сезона тој ја мина на позајмица во дресот на Ливерпул, но воопшто не импресионираше со формата, голем дел од сезоната ја мина и повреден, па Јирген Клоп реши да не ја активира клаузулата за откуп на неговиот договор со Јувентус.

Алегри е дециден дека овој фудбалер не му е потребен во тимот, па управата договори нова позајмица, овојпат во редовите на Фиорентина. Двата клуба десетина дена преговараа, за денеска конечно да биде постигнат целосен договор – „виолетовите“ ќе платат два милиони евра за едногодишна позајмица, со незадолжителна клаузула за откуп во висина од 20 милиони евра.

Бразилскиот интернационалец утре би требало да замине во Фиренца, каде по задолжителните лекарски прегледи ќе го потпише договорот со новиот клуб.

Се вчитува...