Килијан Мбапе тренира со соиграчите од ПСЖ решен да остане уште една година во клубот и да земе 150 милиони евра пред да си замине како слободен играч од „Паркот на принцовите“. Челниците на францускиот шампион уште не можат да најдат заеднички јазик за да го продадат Мбапе и да заштедат сериозна сума на пари, а главен проблем е инсистирањето на самиот фудбалер да си го наплати бонусот за лојалност од 60 милиони евра, поради што одбива да разговара со клупските директори до крајот на овој месец.
Поранешниот тренер и фудбалер на Реал Мадрид, Бернд Шустер, јавно му порача на Мбапе дека мора да си ја стави кариерата пред парите и што побрзо да потпише за „кралскиот клуб“.
„Мојот совет до Мбапе е дека си ги губи најубавите години носејќи го дресот на ПСЖ и мора да престане што поскоро да го прави тоа. Тој мора да игра во некоја од трите најсилни лиги, а Франција не е во тоа друштво. Кога на Реал Мадрид му треба напаѓач што ќе даде 30 гола, а Мбапе е достапен за трансфер, лудо е да не се склопат коцките“, дециден е Шустер.
Останува да се види дали ќе успее да се најде компромис во војната меѓу Мбапе и ПСЖ, што би значело и интензивирање на преговорите со Реал Мадрид за летен трансфер на францускиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА