Новиот кошаркарски прволигаш, ГРК Охрид, ги потпиша и првите две странски засилувањѐза наредната сезона откако постигнаа договор со американските кошаркари Брајант Бернард и Џеред Кимброу
Бернард е играч висок 185 сантиметри роден во Алабама, кој настапува на плејмејкерската позиција на која би требало да им биде од голема помош на охриѓани во првата сезона во елитното друштво.
„Бернард беше играч на Универзитетот Тенеси Веслејан, а по завршување таму ја продолжи кариерата во Албанија каде последно настапуваше за клубот Беселиџа од Тирана и имаше успешна сезона кој ја освои шампионската титула во купот“, објавија охриѓани.
Кимброу е роден во Нептун, Њу Џерси, и треба да биде значајно засилување во борбата под обрачите. Овој кошаркар висок 205 сантиметри претходно настапуваше за Универзитетот Хартфорд фокс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА