Град Скопје изгласа иницијатива за помош на ФК Вардар

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше изгласна иницијативата за помош на ФК Вардар, доставена од советникот, доктор Никола Панодвски.

Истата беше поддржана од безмалку сите советници и со 34 гласа иницијативата беше изгласна. Засега не е одредено со колкава сума ќе биде помогнат Вардар и за тоа ќе треба да решава градочалничката Данела Арсовска.

Инаку, ова е втора иницијатива на град Скопје за помош на Вардар. Бред нешто повеќе од осум месеци беше изгласно да се помогне со 250.000 евра, но тогаш одлуката не помина во министерството за финансии.

На денешната седница исто така беше изгласан амандман за ребалнс на буџетот за 2023 година во кој се предвидува околу 12 милиони денари (200.000 евра) да се префрлаат на сметките на скопските клубови кои би аплицирале преку јавен повик.

Се вчитува...