„Што е најлошото што може да се случи? Да се вратиш во Европа и да бидеш најплатениот кошаркар во тимот?“

Двократниот евролигашки шампион и МВП на финалната серија, Василије Мициќ кариерата ќе ја продолжи во НБА откако ова лето потпиша тригодишен договор вреден 23.5 милиони евра.

За новиот предизвик српскиот интернационалец побарал совет од својот доскорешен соиграч во Ефес, Шејн Ларкин кој четири години настапуваше во најсилното кошаркарско првенство. Американецот откри дел од муабетот.

„Ме праша како треба да игра, да размислува. Му кажав дека треба да оди таму со иста идеја како и во Ефес. Да биде агресивен и да не губи топки. Да се покаже и во одбрана дека може да превземе било кој играч, да ротира и да прави се што ќе му побараат од него.

Моето најголемо каење беше што кога отидов таму помислив „Ох сега играм во Винс Картер, Шон Марион, Дирк Новицки, треба да им ја дадам топката на нив и да не им сметам“ и затоа никогаш не се чувствував како да ја искористив шансата. Верувајте не сакате да се чувствувате како никогаш да не сте биле таму. А и што е најлошото што може да се случи? Да се вратиш во Европа и да бидеш најплатен во екипата во која сакаш да играш?“, открива Ларкин.

Се вчитува...