Oсвојувачот на националниот куп, Македонија Ѓорче Петров е првиот македонски клуб кој ја заврши летната авантура во европските купови.
„Лавовите“ се елиминирани во првото коло од најмладото европско фудбалско натпреварување, Конференциската лига откако по поразот во Скопје од 0-1, загубија и на гостувањето во Летонија кај РФС со 4-1.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Куадио во 43. минута. Надеж за ѓорчепетровци донесе Стојковски кој во 51. минута израмни на 1-1, но тоа беше се што успеаја да направат избраниците на Горан Симов. Домаќините до ново водство стигнаа со вториот гол на Куадио во 58. минута. Веќе во 68. минута беше 3-1 за Летонците со голот на Паниќ, додека конечните 4-1 беа дело на Зеленковс во 86. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА